Дома Топ вести Бернардо Силва имал договор со Гвардиола, Барселона трие раце

Бернардо Силва имал договор со Гвардиола, Барселона трие раце

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва имал личен договор со Пеп Гвардиола да добие „зелено светло“ да замине доколку во клубот пристигне доволно добра понуда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бернардо Силва уште минатото лето сакаше да си замине од „Етихад“, но тогаш Гвардиола го убеди да остане, но му ветил дека ова лето ќе му биде дозволено да замине доколку пристигне понуда.

Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.

Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека на Силва му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.

Најсилен интерес за него покажува Барселона, па сега Португалецот притиска да му биде дозволен трансфер на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…