Дома Фудбал Бен Арфа тврди: Лига 1 е подобра од Ла Лига

Бен Арфа тврди: Лига 1 е подобра од Ла Лига

Францускиот фудбалер Хатем Бен Арфа повторно е без клуб откако неодамна му истече договорот со Ваљадолид.

Бен Арфа во Ваљадолид стигна на почетокот од оваа година, но не се изнаигра во шпанскиот клуб. Одлучи да го напушти Ваљадолид и сега чека прилика за нов ангажман.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Додека чека вистинска понуда Бен Арфа моментално гостува на француските телевизии како стручен коментатор. Тој со својот коментар на Телефут стана хит на социјалните мрежи бидејќи рече дека Лига 1 е подобра од Ла Лига.

„Играв во Ла Лига и сигурен сум дека Лига 1 е подобра од шпанската лига. Во Шпанија има врвни тимови кои лесно ги покриваат останатите.“ – порача Бен Арфа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кандидатот за претседател на Барселона даде сензационално ветување – вели дека ќе го врати Меси!

Еден од кандидатите за претседател на Барселона, Виктор Фонт, ја претстави својата визија …