Реал Мадрид ја победи Мајорка со 6:1 во првото коло од Ла Лига, а во овој натпревар блескаа Бензема и Асенсио.
Бензема со двата гола и две асистенции испиша историја. Со својот прв гол и асистенција за Асенсио на истекот од половина час игра стана третиот играч во Ла Лига во 21. век кој во првите шест кола директно учествувал во 13 голови на својот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред него со подобар учинок во тие моменти беа само Лионел Меси, кој на почетокот на сезоната 2011/2012 на Барселона и донесе 13 голови и Кристиано Роналдо кој во сезоната 2014/2015 на Реал Мадрид му овозможи 14 голови.
Во 55. минута со неговата втора асистенција за Асенсио Бензема го надмина Меси и се изедначи со Роналдо, а со неговиот втор гол на десетина минути пред крајот стана играчот со најдобар старт на една сезона во Ла Лига од почетокот на овој век.
Со осум голови и седум асистенции Бензема на Реал Мадрид му донесе 15 голови во првите шест кола, тоа не им успеа ниту на двата најдобри и најефикасни играчи во Ла Лига. Вториот гол на Бензема во овој натпревар исто така беше негов 200. во првенството со што стана десетиот играч кој постигнал толку голови во една од најсилните лиги во светот.