Дома Фудбал Останато Бензема не се појави на денешното судење

Бензема не се појави на денешното судење

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема денес не се појави на почетокот на тридневниот случај за вмешаноста во обидот за уцена кон поранешниот соиграч од репрезентацијата, Матија Валбуена.

Адвокатскиот тим на 33-годишниот Бензема пред судот истакнаа дека поради професионалните обврски Бензема не можел да биде присуствува. Вчера Бензема играше против Шахтјор во Киев, а во недела го чека „Ел Класико“ во Ла Лига.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај Бензема во целиот случај се обвинети уште четири лица. За такви обвиненија максималната затворска казна е пет години и 75.000 евра.

Бензема е осомничен дека во 2015 година вршел притисок на Валбуена да ја плати бараната сума на уценувачите за тие да не ја објавата неговата се*с видео снимка. Поради тој случај Бензема пет години не беше дел од репрезентацијата и се врати дури ова лето на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…