Карим Бензема по само неколку месеци поминати во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европа и тоа во дресот на Челзи.
Францускиот напаѓач има 36 години, но се уште е желба на едни од најголемите клубови во Европа. Ал Итихад поради недисициплина го исфрли за продолжение од првенството, а фудбалерот не крие дека сака да ја промени средината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според островските медиуми Челзи сака да ја искористи ситуацијата и веднаш реагирале. Тренерот Покетино наводно во Бензема гледа идеално решение за проблемите во офанзивниот дел.
Екс-напаѓачот на Реал Мадрид се наоѓа во незавидна позиција бидејќи не се појави на подготовките на тимот. Тренерот Марсело Гаљардо веќе најави дека нема да смеа на него. Дел од медиумите тврдат дека сепак Бензема може да се приклучи, меѓутоа засега не изгледа така.