Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Реал Мадрид пронашол решение на голманската позиција и тоа во младиот чувар на мрежата на Атлетик Билбао, Кеп, денес „Марка“ пишува дека „кралевите“ имаат решение и за нападот.
Французинот Карим Бензмеа изгледа дека ги брои своите последни денови во Мадрид. Доколку може да им се верува на медиумите во Шпанија, тој би можел да премине во Арсенал, додека неговото место ќе го превземе Тимо Вернер од Лајпциг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На „Лос Бланкоси“ навистина им е потребен напаѓач, а германскиот „вундеркид“ би можел да биде идеално решение и тоа за подолг период.
Освен поради своите одлични настапи, Вернер на насловните страни оваа година се појави и поради проблемот со слухот во натпреварот против Бешикташ во Лигата на шампионите.
Докторите потврдија дека тоа е поради циркулацијата и дишењето, но тој проблем набрзо беше решен. Со 11 голови на 18 натпревари, Реал во Вернер гледа достојна замена за Бензема во врвот на нападот.
Сепак, неговата цена не е мала. Според податоците од „Трансфермаркт“ доколку Реал сака да го доведе ќе мора да издвои најмалку 50 милиони евра, а бидејќи е тешко да го доведат во јануари до летниот преоден рок таа сума би можела да се зголеми.