Дома Фудбал Останато Бензема влегува „војна“ со ФИФА поради Меси

Бензема влегува „војна“ со ФИФА поради Меси

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Карим Бензема, уште еднаш го изрази своето незадоволство од прогласувањето на најдобриот играч на светот за 2022 година oд страна на ФИФА. Напаѓачот на Реал Мадрид смета дека наградата требало да му припадне нему, а не на Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бензема, кој има фантастична сезона во дресот на „кралскиот клуб“, е добитник на Златната топка за 2022 година, а заедно со Меси и Мбапе беше еден од главните кандидати за престижната награда „The Bes“t, која ја доделува ФИФА врз основа на гласовите на селекторите и капитените на националните тимови.

На свеченоста одржана во Париз немаше претставници на Реал, а причината беше токму одлуката наградата да му се додели на Меси. Разочараниот Бензема прво објави стори на својот Инстаграм каде непознато лице во видеото вели: Лажговци, да, лажговци.

Еден ден подоцна, Бензема уште еднаш го изрази своето незадоволство објавувајќи серија фотографии. Прво, тој објави заедничка слика со Винисиус Јуниор со натпис „Ѕверови“, јасно алудирајќи на одлуката на ФИФА минатата година да го остави бразилскиот напаѓач надвор од топ 11. Тој потоа сподели објава на една страница во која ги истакнува сите негови достигнувања во изминатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…