Дома Фудбал Бензема: Верувам дека не сум далеку од „Златната топка“

Бензема: Верувам дека не сум далеку од „Златната топка“

„Франс Фудбал“ кон крајот на наредниот месец ќе ја одржи церемонијата за доделување на Златната топка.

Поради пандемијата со коронавирусот минатата година никој не ја доби Златната топка, а сега оваа церемонија повторно се враќа и ќе го добиеме најдобриот играч за 2021 година. Неодамна беше објавена листата од 30 фудбалери и за многумина Карим Бензема е еден од фудбалерите кои се во потесниот круг на фаворити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бензема игра на навистина високо ниво и дел од јавноста смета дека заслужи да ја освои „Златната топка“, но конкуренцијата секако е голема. Сега Французинот за првпат зборуваше за оваа награда.

„Секако дека како дете сонував да ја освојам. Моите идоли Роналдо и Зидан како играчи на Реал Мадрид ја освојуваа „Златната топка“. Тоа е некоја „ситница“ за која и јас размислувам. Верувам дека не сум далеку од „Златната топка““, изјави Бензема.

Во досегашниот дел од сезоната Бензема одигра 10 натпревари во сите натпреварувања, постигна 10 голови и подели седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…