Дома Фудбал Лига на шампиони Бенатиа после Мадрид: Ми се згади фудбалот!

Бенатиа после Мадрид: Ми се згади фудбалот!

Дефанзивецот на Јувентус, Мехди Бенатиа беше еден од главните актери на реванш дуелот од ЛШ против Реал Мадрид.

Мароканецот во 93-та минута, според мислењето на судијата Оливер, го фаулираше Лукас Васкез, по што беше досуден пенал кој Роналдо го претвори во гол.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Горд сум на својата игра и на враќањето на Јувентус, но ми се згади светот на фудбалот. Можеби е грубо тоа што го кажав, но кога ќе го направите тоа што успеавме да го направиме ние, судијата не смее да досуди според пенал во 93-та минута“, смета Бенатиа.

Со тој гол Реал успеа пред продолженијата да обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампиони.

„Требаше мечот да замине во продолженија. Доколку направев прекршок, искорено ќе признаев. Направив се за да не го допрам Васкез. На крајот на краиштата фудбалот е спорт каде постојат контакти. Грозно се чувствувам, лошо ми е, но тоа е животот, тоа е фудбал“, додаде Бенатиа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Mбапе како агент: Прави проблем во Ливерпул?!

Фудбалерот од одбраната на Ливерпул, Ибраима Конате, повторно е во фокусот на интересот од…