Дома Топ вести Белингам ќе биде најголема трансфер ѕвезда следното лето

Белингам ќе биде најголема трансфер ѕвезда следното лето

Челзи се вклучи во битката за потписот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот фудбалер игра фантастично во Дортмунд и покажа дека е еден од најголемите фудбалски таленти во светот.

Белингам е на списокот на Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Реал Мадрид, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Челзи.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, па Борусија Дортмунд сигурно нема лесно да се откаже од него.

Споменатите клубови веќе ја започнаа трката за неговиот потпис, па се очекува Белингам да биде главна ѕвезда следното лето на трансфер пазарот.

Челзи е спремен да плати 100 милиони евра за неговиот потпис, но ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи истата сума нема да претставува проблем и за другите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…