Дома Фудбал Останато Белгиецот се уште има емоции кон Челзи: Како Батшуаи го следеше натпреварот помеѓу Челзи и Барселона?

Белгиецот се уште има емоции кон Челзи: Како Батшуаи го следеше натпреварот помеѓу Челзи и Барселона?

Иако во Челзи немаа доверба во Мичу Батшуаи и го испратија на позајмица во Борусија Дортмунд, сепак белгискиот напаѓач очигледно се уште ги има емоциите кон клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Батшуаи најверојатно повеќе би сакал синоќа на теренот да му помогне на својот клуб во натпреварот против Барселона, но кога веќе не може – беше голем навивач. Познато е дека Белгијанецот е вистински „зависник“ за Твитер, каде што ги дели речиси сите детали од својот живот и често остава интересни коментари, а синоќа емотивно го доживеа секој момент од натпреварот во Лондон.

Судејќи според твитовите, Батшуаи особено беше воодушевен од играта на Вилијан и Канте, а на крајот напиша дека Челзи заслужува подобар резултат.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал останува без капитенот: Мартин Одегард има нов клуб?

Мартин Одегард наводно по нешто повеќе од пет години го напушта Арсенал. Норвежанецот ги д…