Репрезентацијата на Хрватска вчера со пресврт и резултат 3:2 славеше во Лигата на Нации во натпреварот против Шпанија.
Вистински херој на Хрватите беше Тин Једвај кој беше стрелец на два гола. Во првото полувреме не видовме погодоци, но затоа во вторите 45 минути следуваа пет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што стрелецот на двата гола, Једвај е бек и од него не се очекуваат премногу голови.
После натпреварот го запрашаа Једвај кога последен пат постигнал два гола на еден натпревар, а тој во таа прилика се пошегува на своја сметка.
„Кога постигна два гола на еден натпревар последен пат? Па…Во Германија, тогаш си постигнав автогол, па дадов гол! Навистина сум среќен и горд, овие два погодоци многу ми значат“, изјави Једвај.
https://www.youtube.com/watch?v=M-ggFW0A5e0