Реал во последните години целосно на промени својата трансфер филозофија, па за разлика од порано кога купуваше искусни играчи, сега се насочува кон најголемите светски таленти.
Во текот на вчерашниот ден Реал Мадрид ги договори трансферите на Винисиус Јуниор и Тео Хернандез, па поради тоа шпанските медиуми веднаш почнаа да нагаѓаат како ќе изгледа „кралскиот“ тим за неколку години.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Мора да се признае дека тимот изгледа многу силно и ветувачки, се уште се бара голман, но ако Реал успее да го договори трансферот на Де Геа кој има само 26 години – тогаш ќе го комплетира тимот на иднината.
Пред Карвахал (роден 1992 год) престојат уште многу сезони на врвно ниво, Рафаел Варан (1993) е исто така млад, а од Хесус Ваљехо (1197) се очекува многу после тоа што го покажа во Ајнтрахт оваа сезона. Новиот лев бек Хернандез е исто така роден 1997 година.
Во средниот ред Матео Ковачиќ (1994) веќе покажа дека може да биде клучна алка во „кралскиот“ тим, потоа Маркос Љоренте (1995) кој оваа сезона на позајмица во Алавеш наговести блескава кариера, а тука се уште и Иско и Касемиро, двајцата родени 1992 година.
Новата аквизиција Винисиус Јуниор кого веќе го нарекуваат „новиот Нејмар“ е роден 2000 година и сигурно претставува аквизиција за иднина, Алваро Мората (1992) е веќе еден од најдобите во светот, додека Марко Асенсио иако е роден 1996 година е веќе проектиран меѓу ѕвездите.
Нормално, во фудбалот не постојат гаранции, па можно е некој од овие фудбалери да не успее својот талент да го преточи во квалитет за најголемиот клуб на светот, но Реал веќе има темел на кој ќе го гради тимот во иднина.