Дома Останати Тенис „Без разлика на рекордите Ѓоковиќ никогаш нема да биде популарен како Надал и Федерер“

„Без разлика на рекордите Ѓоковиќ никогаш нема да биде популарен како Надал и Федерер“

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ без оглед на успесите никогаш нема да може да ја надмине популарноста на Федерер и Надал, убеден е поранешниот дабл-играч Махеш Бупати.

Легендарниот Индиец зборуваше на оваа тема по повод освојувањето на Вимблдон од страна на Ѓоковиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Обезбеди голем број рекорди, но секогаш ќе биде трет по популарност. Не е дека не е добар човек, но на почетокот на кариерата беше „уличен борец“ и извлекуваше некои важни мечеви со Роџер и Рафа. Така го развиваше односот на љубовта и омразата со тениската публика“, изјави Бупати.

Го смета Ѓоковиќ за посилен ментално од двата аса.

„Новак без дилеми е ментално послилен, посебно кога станува збор за големите мечеви и турнири. Го гледав како два пати го победува Федерер на грен-слемовите, дури и кога спасуваче меч“, истакна поранешниот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…