Напаѓачот на Борусија не можеше да се воздржи, а да не ја прокоментира одлуката на УЕФА да ја прекине истрагата против расизмот на навивачите на Аталанта.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Приказната е позната, од стадионот во Бергам одекнуваа мајмунски крици во текот на натпреварот од првата рунда од плеј-офот во Лига Европа помеѓу Аталанта и Борусија Дортмунд.
Мичи Бачуаи тогаш се огласи веднаш по завршувањето на мечот и по тој повод и мангупски им порача на навивачите на Аталанта да уживаат во натпреварите од ЛЕ преку малите екрани до крајот на сезона.
Меѓутоа, за Белгиецот следеше нов шок кога дозна дека УЕФА се откажала од истрагата против Аталанта поради обвинението дека нејзините навивачи навредуваа на расна основа.
„Мора да ми се причини“, прокоментира Бачуаи.