Изминатата вечер се одигра првиот натпревар од полуфиналето на Истокот во кој Мајами славеше победа против Бостон со 118:107.
Натпреварот се играше во ФТХ арената во Мајами, Бостон имаше предност на полувреме со 54:62, меѓутоа натпреварот беше решен последната четвртина кога домаќините играа одлична кошарка. Тој период Мајами го доби со 17 поени разлика (39:14).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најефикасен во редовите на Мајами беше Џими Батлер со 41 поен, 9 блокади и 5 асистенции. Тајлер Херо уфрли 19. Во редовите на Бостон солидни настапи имаа Џејсон Татум со 29 поени и Браун со 23 постигнати поени.