Дома Топ вести Бартомеу: Ќе има 10 статуи на Меси пред новиот „Камп Ноу“

Бартомеу: Ќе има 10 статуи на Меси пред новиот „Камп Ноу“

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу се пошегува дека ѕвездата на тимот Лео Меси нема да има една, туку десет статуи пред „Камп Ноу“.

Како што е познато, легенарниот стадион на Барселона ќе биде комплетно реновиран и ќе го зголеми капацитетот на 105.000 гледачи, а реновирањето ќе заврши во 2023 година.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Запрашан дали Аргентинецот ќе добие нова статуа пред домот на Каталонците, претседателот Бартомеу одговори:

„Ќе има десет статуи! Јас дури не би му ја дал Златната топка. Тој веќе ја надмина таквата награда, Меси има своја категорија. Има многу големи играчи, но Меси е поголем од сите“, заклучи претседателот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ го охрабри Реал Мадрид намалувајќи ја цената на Витиња

ПСЖ првично побара астрономска сума за Витиња: 130 милиони евра. Прекумерно многу за Реал …