Барселона по големите напори во текот на преодниот рок не успеа да го донесе Филипе Кутињо од Ливерпул. Како причина поради што трансферот на Бразилецот пропадна, еден од директорите на каталонскиот клуб, Алберт Солер истакна дека е фактот што не сакале да платат 200 милиони евра, колку што бараше англискиот клуб.
Но, германски Дер Шпигел со документи докажа дека Барселона лажела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едноставно, „Црвените“ не сакаа да го продадат еден од најдобрите играчи, и покрај неговата желба да стане играч на Барселона.
„Убаво ве замолуваме да престанете да го вознемирувате Кутињо, приватно и јавно. Ниедна цифра нема да го промени нашиот став“, во писмото порачал директорот на Ливерпул, Мајкл Едвардс.
Со тоа пропадна планот на Барселона, која го дефинираше договорот со Кутињо на дури 20 страници. Бразилецот требаше да заработи 115 милиони евра за пет години, а неговиот менаџер да добие 10 милиони евра од трансферот, за кој се веруваше дека ќе вреди 100 милиони евра.
Сепак, клубот од „Енфилд“ не сакаше ниту да преговата, а на крајот само пристигна во редовите на Каталонците, Осман Дембеле од Борусија Дортмунд.