Фудбалерот на Јувентус се најде на мета на каталонскиот клуб.
Барса се уште не го потрошила буџетот за летото, се обиде да го врати Нејмар од ПСЖ во своите редови, но сепак барањата на ПСЖ не ги исполнија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Се подалеку се од враќање на Бразилецот, па полека се насочуваат кон други решнија.
Изгледа дека во клубот сметаат дека неопходно е уште едно засилување во средниот ред, медиумите од Апенините пренесуваат дека на радарот на Барселона се нашол Родриго Бентакур од Јувентус.
Наводно Каталонците се спремни да платата сума помеѓу 50 и 60 милиони евра за неговите услуги.
Проблем во оваа зделка е што на неговиот поранешен клуб Бока би требало да и припадне 50% од трансферот и Јувентус бара повеќе пари.