Дома Трансфер зона Барселона спремна да ги искористи проблемите во Манчестер Сити?

Барселона спремна да ги искористи проблемите во Манчестер Сити?

Нешто не е во ред во Манчестер Сити кога во прашање се одредени фудбалери и Барселона ќе се обиде тоа да го искористи.

Навистина неверојатно е како Пеп Гвардиола во 2023 година ја изгуби довербата во фудбалерите кои до неодамна беа незамнеливи – Кајл Вокер, Жоао Кансело и Емерик Лапорт.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според информациите од Каталонија, Барселона го следи развојот на ситуацијата и најзагреани се за доведување на Кансело затоа што позицијата на десен бек им е критична. Хектор Белерин и Серхи Раберто не се во плановите на Чави, па поради тоа на таа позиција игра Кунде или Араухо.

Во Барселона веруваат дека можат да го искористат незадоволството на Кансело и за ниска сума да добијат одлично засилување во одбраната.

Не е тајна и дека Барселона и Сити се во одлични односи. Минатата зима дојде Феран Торес, а претходно како слободни играчи Ерик Гарсија и Серхио Агуеро.

Исто така не треба да се заборави дека Барселона го сака и Гундоган на кого договорот му истекува на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…