Вечерва на програмата е уште едно големо дерби.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид за прв ќе ја пречекаат Барселона на својот нов стадион „Ванда Метрополитано“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матеа Лахоз ќе го суди ова дерби помеѓу Атлетико и Барселона, a Каталонците никогаш не изгубиле од големите ривали кога тој бил главен судија.
Барселона во претходните два натпревари славеше во Мадрид со идентичен резултат 2:1, но сепак во лошо сеќавање на Каталонците им останува натпреварот од последното коло во сезоната 2013/2014 кога Атлетико на „Ноу Камп“ извлече 1:1 и ја освои титулата.
Натпреварите помеѓу Барселона и Атлетико во кој судел Лахоз.
26/02/17: Атлетико – Барса 1:2
12/09/15 Атлетико – Барса 1:2
17/05/14 Барса – Атлетико 1:1
11/01/14 Атлетико – Барса 0:0
Покрај тоа да потсетиме дека Симеоне нема баш некој учинок против Барса во сите натпреварувања, но затоа на Каталонците им нанесе два големи порази во Лигата на шампионите кога ги исфрлуваше во ¼ финалето.