Дома Топ вести Барселона се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Барселона се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Се поголем е бројот на клубови кои се приклучуваат во траката за потписот на ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Ливерпул, Челзи и на Реал Мадрид, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Барселона.

Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска кој може да биде наследник на Бускетс, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување.

24-годишниот Бразилец пристигна во Њукасл пред една година за 45 милиони евра, но неговата цена многу порасна со неговите одлични настапи во Премиер лигата.

Барселона ќе има силна конкуренција за неговиот потпис, а Њукасл сигурно нема да го пушти за сума помала од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…