Дома Фудбал Останато Барселона разговарала со Гризман: Французинот добил јасна порака

Барселона разговарала со Гризман: Французинот добил јасна порака

Aнтоан Гризман не покажа премногу во неговата прва сезона во дресот на Барселона.

Францускиот напаѓач пристигна како големо засилување, но само на моменти тој го покажува квалитетот и формата од Атлетико.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последно време многу се зборува за негово евентуално заминување. Французинот се поврзуваше со бројни клубови, но од тоа нема да има ништо.

Гризман и неговите претставници вчера имале состанок со раководството на Барселона кое било предводено од Ерик Абидал. После тој состанок Французинот добил одговор дека на него се смета и наредната сезона и дека клубот не сака да го продаде.

„И тоа како сметаме на тебе и наредната сезона“, гласела наводно пораката од Абидал до Гризман.

Гризман сезонава одигра вкупно 44 натпревари за Барселона и оствари учинок од 15 гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…