Дома Трансфер зона Барселона преговара со капитенот на Челзи

Барселона преговара со капитенот на Челзи

Барселона внимателно ја следи ситуацијата со капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета, на кого договорот со „сините“ му истекува на крајот на сезоната.

Барселона сака да го добие искусниот дефанзивец бесплатно на лето, а наводно и Аспиликуета нема ништо против да го облече дресот на гигантот од „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пишуваат дека преговорите веќе се почнати меѓу Барселона и агентот на Шпанецот и Каталонците му нудат двегодишен договор со опција за уште една сезона.

Челзи му нуди договор само на една година, па голема е веројатноста Аспиликуета да ја прифати понудата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…