Дома Трансфер зона Барселона не се откажува од ѕвездата на Челзи

Барселона не се откажува од ѕвездата на Челзи

Барселона минатото лето имаше неколку обиди во своите редови да го донесат Вилијан, но Челзи ги одби дите понуди на Каталонците.

Англиските медиуми пренесуваат дека Барселона не се откажала од Бразилецот и ова лето повторно ќе се обиде да го донесе на „Камп Ноу“. Нивниот план е јасен, сакаат да го продадат Кутињо и да го донесат Вилијан кои го посакуваа и изминатото лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот има 31 година, оваа сезона не добива голема минутажа, а неговиот договор истекува следната година.

Челзи не е спремен да му понуди договор подолг на една година, па ова лето ќе биде последна шанса да заработат на неговата продажба.

Сепак, ако остане на сила забраната за трансфери, Челзи не би можел да најде замена за Вилијан. Тој оваа сезона во ЕЛ постигна 3 погодоци и имаше дури 7 асистенции, додека во Премиер лигата во 30 натпревари, комбинирано има 10 погодоци и аситенции.

Барселона по завршувањето на сезоната ќе испрати нова понуда за Вилијан, а медиумите се оптимисти дека оваа година трансферот може да се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…