Дома Топ вести Барселона не запира со трансферите: Пристигнува екс фудбалер на Реал Мадрид

Барселона не запира со трансферите: Пристигнува екс фудбалер на Реал Мадрид

Барселона е исклучително активна на трансфер пазарот и ова лето потроши најмногу пари за трансфери.

Каталонскиот гигант до сега потроши 158 милиони евра, но тоа не е крај. Имено, Чави сака да ја засили левата бековска позиција, а негова желба е играчот на Тотенхем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за шпанскиот репрезентативец и поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Регулион.

Регулион не е повеќе во плановите на Антонио Конте и Тотенхем го стави на трансфер листа, па Барселона сака да ја искористи таквата ситуација.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Регулион може да пристигне на „Камп Ноу“ на позајмица со право на откуп следното лето за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …