Дома Топ вести Барселона на чекор до посакуваното засилување

Барселона на чекор до посакуваното засилување

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неговиот агент Жорге Мендеш веќе имал состанок со раководството на Барселона и наводно ги договорил личните услови на фудбалерот.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, па Барселона најпрво ќе мора да продаде некој фудбалер.

Планот на Каталонците е да се ослободат од Кеси и така да отворат простор за ангажман на Рубен Невеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…