Дома Топ вести Ливерпул тргнува по Рубен Невеш

Ливерпул тргнува по Рубен Невеш

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

25-годишниот Португалец игра одлично во Вулверхемптон и е спремен да направи чекор напред во кариерата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Невеш на лето ќе влезе во последната година од договорот и бидејќи одби да ја продолжи соработката „волците“ се спремни да слушнат понуди.

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска, бидејќи Клоп има малку алтернативи во средниот ред.

„Црвените“ спремаат понуда и сакаат да го доведат Португалецот до крајот на преодниот рок, но ќе треба да ја победат конкуренцијата.

За Невеш интерес покажуваат уште Арсенал и Барселона, но во моментов Ливерпул е во предност за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…