Дома Трансфер зона Барселона на Мурињо му нуди двајца играчи за Ндомбеле?

Барселона на Мурињо му нуди двајца играчи за Ндомбеле?

Tангу Ндомбеле од Тотенхем е желба на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што објави „Скај Спорт“ каталонскиот гигант е спремен да го доведе Ндомбеле во своите редови и на Тотенхем му понудиле двајца фудбалери.

За услугите на Ндомбеле Барселона на Тотенхем ги понудила Самуел Умтити и Нелсон Семедо. Според очекувањата на „Скај“ оваа размена би можела да се случи.

Мурињо е спремен да го пушти Ндомбеле иако стигна во клубот минатото лето и понудата од Барселона би можела да го заинтересира.

На Барселона пак поради финансиската криза од Ковид-19 секако дека повеќе и одговара да понуди размена отколку да испрати парична понуда. Ндомбеле минатата година пристигна во Тотенхем од Лион во трансфер вреден 60 милиони евра. Одигра 27 натпревари и оствари учинок од два гола и четири асистенции.

Од друга страна Семедо сезонава беше стандарден на десната бековска позиција во каталонскиот клуб, додека Умтити од поодамна не е во прв план и се шпекулира за негово заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…