Дома Топ вести Барселона му нуди двегодишен договор на Меси

Барселона му нуди двегодишен договор на Меси

Раководството на Барселона работи на враќањето на Лионел Меси на „Ноу Камп“, откриваат каталонските медиуми.

Аргентинецот пред две сезони замина од клубот, кој поради финасиските проблеми не можеше да му понуди нов договор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По две сезони поминати во ПСЖ, се очекува Меси на лето да биде слободен играч и повторно да се врати во Барса.

Барселона му нуди на Меси договор на две години, бидејќи се сигурни дека клубот доволно ќе профитира од тоа.

„Мундо Депортиво“ пишува дека, доколку го доведат Меси, Барселона би ги зголемила приходите за најмалку 25%

Во последната година кога Меси беше во Барселона, клубот заработи меѓу 250 и 300 милиони евра само поради тоа што тој го носеше дресот на Барса.

Надежите на управата сега се дека ќе успеат да најдат нови спонзори за да ја финансираат платата на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…