Дома Топ вести Барселона и Реал Мадрид се „тепаат“ за ѕвездата на Лестер

Барселона и Реал Мадрид се „тепаат“ за ѕвездата на Лестер

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс.

Скаути на Барселона долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч за врска и сакаат да го донесат на „Камп Ноу“.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Барселона сака да го засили средниот ред, а Тилеманс може да игра на неколку позиции и сметаат дека одлично би се вклопил.

Од друга страна Реал Мадрид смета дека Белгиецот би бил идеална замена за Модриќ, кој ја игра последната сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

„Кралевите“ започнаа со подмладување на средниот ред со доаѓањето на Камавинга, а Тилеманс е новото име на списокот на Анчелоти.

24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот.

Тиелеманс има договор на уште две години со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, а Лестер за неговата слобода бара 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона спрема понуда за ѕвездата на Челзи

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативе…