Барселона работи на план за идната сезона во која тренерот Чави Ернандез сака да има силен тим кој ќе се бори за трофеи, но истовремено клубот мора и да ги намали платите за да заштеди 100 милиони евра.
„Мундо Депортиво“ ги објави имињата на фудбалерите од кои Барселона би можела да се ослободи за да заштеди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рафиња – 50 милиони евра
Ансу Фати – 35 милиони евра
Феран Торес – 30 милиони евра
Франк Кеси – 28 милиони евра
Ерик Гарсија – 12 милиони евра.
Сето ова се поклопува и со намерата на Барселона да го врати Меси кој се уште не го продолжил договорот со ПСЖ и веројатно чека да види како ќе се одвива ситуацијата во Барселона.
Лапорта веќе потврди дека имаат намера да се обидат да го вратат Аргентинецот, нема сомневање дека враќање на Меси би придонело за вистинска еуфорија на „Камп Ноу“.