Дома Актуелно Барселона има нова мета: Скаути на каталонскиот гигант го следат напаѓачот од Серија А!

Барселона има нова мета: Скаути на каталонскиот гигант го следат напаѓачот од Серија А!

valverde

Бројни тимови го сакаат во своите редови, а сега во трката наводно се вклучува и Барселона.

Екипата на Рома би можела да извлече „џекпот“ во финансиска смисла доколку се одлучи да го продаде младиот турски репрезентативец.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ченгиз Ундер го привлече вниманието на европските гигнати, а сега изгледа и Барселона се вклучила во трката со Баерн, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи кои стоја во редот за крилниот напаѓач.

Барселона испратила еден од своите скаути да го следи 21 годишниот крилен напаѓач. Меѓутоа Ундер одигра навистина лошо против Фиорентина и беше главен виновник за постигнатиот гол на „виолетовите“, но тоа е само еден лош ден.

Каталонците и понатаму го следат овој млад напаѓа, наскоро според информациите се очекува и првата понуда.

Ундер во Рим пристигна од Башакешир за 13.4 милиони евра. Оваа сезона постигна три погодоци и запиша пет асистенции на 12 натпревари. Сега сигурно дека би можеле да го продат за барем 3-4 пати поголема сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…