Дома Трансфер зона Барселона драстично ја намали цената на Кутињо

Барселона драстично ја намали цената на Кутињо

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо промашување, па ова лето беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.

Баварците за позајмицата на Бразилецот платија 20 милиони евра и имаат можност да го откупат за додатни 120 милиони евра, но тоа најверојатно нема да се случи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


27-годишниот Кутињо на лето ќе се врати во Барселона, но јасно е дека за него повеќе нема место на „Камп Ноу“, па каталонскиот клуб е спремен да ја намали цената.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона е спремна да го продаде Бразилецот доколку некој клуб понуди 80 милиони евра, а најсилен интерес за Кутињо покажуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…