Барселона е силно заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо, пренесуваат каталонските медиуми.
Чави бил голем фан на играта на Бразилецот и го гледа како идеално засилување за нападот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фирмињо иако ова лето остана во клубот, сепак падна во втор план, па сериозно размислува да ја промени средината.
Тој влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, па Барселона сака да ја искористи таквата ситуација.
Каталонскиот клуб наскоро ќе почне преговори со неговиот агент и ќе се обиде да потпише преддоговор со Фирмињо.