Дома Топ вести Барселона влегува во трката за Влаховиќ

Барселона влегува во трката за Влаховиќ

Фиорентина потврди дека Душан Влаховиќ одбил да потпише нов договор со „виолетовите“ и на лето ќе го напушти клубот.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Битката за неговиот потпис веќе започна, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Барселона.

Каталонците сакаа да донесат големо засилување во нападот и сметаат дека Влаховиќ би бил идеално засилување.

21-годишниот Србин минатата сезона блесна во Серија А, а оваа сезона веќе запиша 6 гола во првите осум кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…