
Во Барселона изгледа навистина ги ценат дефанзивците на Челзи. Откако на Камп Ноу дојде данскиот стопер Андреас Кристенсен, неговиот поранешен соиграч Цезар Аспиликуета наскоро би можел да тргне по истите стапки.




Според шпанските медиуми, Барса е блиску до договор со Челзи околу трансферот на 32-годишниот фудбалер, а наводно и кај Шпанецот има желба да се врати во татковината.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Аспиликуета дојде во Челзи во 2012 година од Олимпик Марсеј, со „сините“ освои две титули во Премиер лигата и трофеј во Лигата на шампионите, но сега сака нов предизвик во кариерата.




Чави би можел да го искористи Аспиликуета и на позицијата десен бек, па Барса би добила дополнителни можности со искусен дефанзивец.




Покрај Аспиликуета и Кристенсен од Челзи, на Камп Ноу би можел да дојде и левиот бек Маркос Алонсо.