Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона и Меси конечно постигнале договор за продолжување на соработката, но тоа ќе создаде дополнителни финансиски проблеми во Барселона.
„Марка“ пренесува дека Барселона поради новиот договор со Аргентинецот ќе мора драстично да се намали трошоците предвидени за плати во клубот, и тоа за 200 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона ќе мора да „исчисти“ 200 милиони евра од сметките за плата за да влезе во рамките на регулативите поставени од Ла Лига.
Каталонскиот гигант ќе мора да стави некои од своите ѕвезди на трансфер листа за да ја наолни касата.
Медиумите откриваат дека на продажба ќе бидат ставени, Гризман, Кутињо, Осман Дембеле, Умтити, Пјаниќ…