Дома Топ вести (Видео) Барса ја губи трката за титулата, Леванте ги шокираше со три погодоци

(Видео) Барса ја губи трката за титулата, Леванте ги шокираше со три погодоци

Феноменален натпревар се одигра синоќа во рамките на 36. коло од Ла Лига.

Леванте ја пречека Барселона, а конечниот резултат гласеше 3:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот од самиот почеток понуди допадлив фудбал. Имаше неколку убави акции и добир шанси, а први поведоа гостите. Се играше 25. минута кога Меси погоди за 0:1.

Во 34. минута добра акција за Барселона. Дембеле асистираше, а Педри погоди за 0:2.

Се чинеше дека Барселона го имаше натпреварот под контрола, но во продолжението се пробудија домашните.

Во 57. минута после една акција Мелер погодува за 1:2, а Леванте во игра го враќа Моралес во 59. минута.

Барселона после шокот брзо се врати и во 64. минута уште една погодува Дембеле за 2:3.

После третиот погодок на Каталонците имаше уште неколку шанси пред двата гола, а Леванте режира нова драма во 85. минута кога Леон погодоува за 3:3, што на крајот беше и конечен резултат.

Барселона сега има 76. бода, бод помалку од Атлетико и бод повеќе од Реал, но со натпревар повеќе.

Атлетико денеска го пречекува Реал Сосиедад, додека Реал Мадрид утре гостува кај Гранада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…