Каталонците со еден трансфер решија два проблеми. Нелсон Семедо и официјално стана член на Барселона, а Бенфика за овој трансфер доби 30 милиони евра.
Со неговото доаѓање Барса го реши прашањето за „најболната“ точка во тимот уште од заминувањето на Дани Алвеш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на минатата сезона покрај десната аут линија играше Серхио Роберто, а кога тој не беше во форма, Луис Енрике беше принуден да игра со тројца централни дефанзивци во одбраната.
Сега тоа повеќе не е проблем, посебно поради тоа што се опорави и Алеш Видал од тешката повреда, па конкуренција на десната бековска позиција е повеќе од добра.
Тоа значи дека Барселона сега добива уште засилување во средниот ред, бидејќи Серхио Роберто ќе може да се врати на својата природна позиција.
Шпанецот за место во средината ќе се бори со Иван Ракитиќ и Андре Гомеш, додека Рафиња или Арда Туран се очекува да бидат продадени во случај на адекватна понуда.
Како што сега стојат работите, стартниот тим на Барселона доколку не доведе уште некое засилување би требало да изгледа вака.