Дома Топ вести Барса се вклучи во трката за новата холандска ѕвезда!

Барса се вклучи во трката за новата холандска ѕвезда!

Европските гиганти се „тепаат“ за потписот на новата холандска ѕвезда и член на ПСВ, Донјел Мален.

Овој 20 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и на 12 настапи постигна 9 голови. Неодамна се прослави кога во натпреварот против Витесе ги постигна сите пет гола за својот тим во победата од 5:0.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Мален пристигна во ПСВ за само еден милион евра, но неговата цена вртоглаво порасна, па сега холандскиот клуб за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Последен клуб кој се вклучи во трката за младиот Холанѓанец е Барселона, која во него гледа идеален наследник на Луис Суарез.

Каталонците се спремни да ја победат конкуренцијата и веќе воспоставиле контакт со неговиот агент за евентуален трансфер наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…