Дома Фудбал Барса сепак нема да му плати ни евро на Ливерпул за Кутињо

Барса сепак нема да му плати ни евро на Ливерпул за Кутињо

Веднаш откако Баерн ја освои титулата во Лига на шампиони повторно се појави информацијата дека Барса ќе мора да му плати на Ливерпул 5 милиони евра поради Кутињо.

Кога Кутињо пристигна на „Камп Ноу“ во договорот беше ставена клаузула која се однесува  на освојување Лига на шампиони. Во случај Бразилецот да ја освои ЛШ Ливерпул би добил бонус од 5 милиони евра.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кутињо успеа во тоа како фудбалер на Барселона, но позајмен во Баерн Минхен. Меѓутоа, „Мундо Депортиво“ даде појаснување на целата ситуација.

Од Барселона потврдија дека станува збор за клаузула која може да се активира само ако Кутињо освои ЛШ во дресот на Барса, па во овој случај Каталонците нема да му платат ништо на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…