Дома Трансфер зона Барса продава уште еден дефанзивец во Англија

Барса продава уште еден дефанзивец во Англија

Англиски Фулам се насочи кон дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, информира „Марка“.

Тобидо се врати на „Камп Ноу“ после позајмицата во Шалке, а Барса е спремна да го продаде бидејќи има потреба од финансиски средства.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фулам за потписот на Тобидо нуди 18 милиони евра, плус 5 милиони во форма на бонуси.

Раководството на Барселона се согласува со условите, но самиот фудбалер во моментов го кочи трансферот бидејќи не сака да се пресели во Фулам.

Се очекува Тодибо да биде новиот фудбалер кој го напушта „Камп Ноу“. Пред него истото го сторија Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Нелсон Семедо и Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…