Со месеци пред да потпише со Јувентус, Матијас Де Лихт на големо се поврзуваше со Барселона и очекувањата беа Каталонија да биде следна дестинација на талентираниот стопер.
Сепак, како што одминуваше времето интересот на Барса како да се „олади“ Јувентус тоа го искористи и го доведе во своите редови. Во некои медиуми се пишуваше и дека клучна улога одиграл неговиот агент Мино Раиола кој не е во добар однос со каталонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ кој ги следи случувањата во Барселона пишува дека во преговорите Де Лихт не ја одбил Барселона, туку Барселона забележала проблем со однесувањето на Холанѓанецот.
„Барса сметаше дека најголем проблем на Де Лихт е ароганцијата. Не гледале на тоа како на целосно негативна работа бидејќи веруваа дека тој арогантен однос му помага на теренот. Но, Де Лихт не сакаше да слушне за седење на клупа иако знаеше дека треба да дојде во клуб кој има фантастични играчи“, пишува „Мундо Депортиво“.
Де Лихт се соочи со седење на клупа и во Јувентус кога беше резерва во првото коло против Парма и доколку не се повредеше Киелини прашање е дали ќе беше во првите 11 против Наполи. Против Наполи Де Лихт беше стартер и одигра очаен натпревар, па очигледно има проблем со адаптацијата во новиот клуб.