Иако најавуваа дека четврта понуда нема да има каталонците се вратија по Фелипе Кутињо.
Кутињо не сака повеќе да игра за Ливерпул и тоа е јасно, а наводно Барселона се вратила со понуда од 160 милиони евра. Според новата понуда, каталонскиот гигант веднаш би платил 120 милиони евра, додека останатите 40 „црвените“ би ги добиле како бонуси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бонусите практично сигурни пари, тие се поврзани за пласманот во Лигата на шампионите во наредните четири години. Значи, секогаш кога Барселона во наредните четири години би се пласирала во Лигата на шампионите, Ливерпул би добивал по 10 милиони евра.
Колкави се шансите Барселона да не биде помеѓу првите четири екипи во Шпанија? Веројатно никакви, па според тоа оваа сума ги надминува и барањата на Клоп.
Првите анализи на оваа понуда се дека, Ливерпул би требало да го продаде незадоволниот Кутињо, но ќе мораат брзо да реагираат и да пронајдат негова замена и за тоа на располагање ќе имаат околу една недела.