Дома Трансфер зона Барса му ја отвори вратата на Ерик Гарсија

Барса му ја отвори вратата на Ерик Гарсија

Тренерот на Барселона, Чави Ернадес е спремен да го пушти дефанзивецот Ерик Гарсија на лето, пренесува каталонски „Спорт“.

22-годишниот дефанзивец пристигна како слободен агент од Манчестер Сити во јуни 2021 година и се очекуваше да биде големо засилување, а клубот имаше големи надежи во него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Гарсија не ги оправда очекувањата, па оваа сезона главно е на клупата за резерви. Во Барселона веруваат во неговиот потенцијал, но сметаат дека во моментов на „Камп Ноу“ нема простор за него.

Поради тоа Барселона е спремна да го продаде на лето и да заработи на неговиот трансфер, а како негова замена сака да го донесе Иниго Мартинез како слободен агент.

Интерес за Ерик Гарсија покажуваат неколку клубови од Премиер лигата и Бундеслигата кои се спремни да понудат 20 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…