Во последно време многу се шпекулира дека Барселона сака да го продаде Дембеле, но Каталонците се соочуваат со голем проблем доколку сакаат да го реализираат тој план.
Дембеле пристигна од Борусија Дортмунд како големо засилување, но неговиот проблематичен однос и проблемите кои ги прави надвор од теренот ги натераа Каталонците да размислуваат за негова продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, германски „Велт“ денес пишува дека продажбата на 21 годишниот крилен играч нема да оди така лесно бидејќи педантните луѓе од Дортмунд успеале да издејствуваат посебна клазула во договорот на Дембеле.
Имено, во договорот на фудбалерот постои клазула според која ако Барселона го продаде Дембеле пред јуни 2022 година (до кога има важност актуелниот договор на Французинот) – мора на Германците да им ги исплати сите премии и бонуси во договорот. Тоа воопшто не е мала сума и изнесува 40 милиони евра!
Со оглед на тоа дека Барселона за потписот на Дембеле плати 105 милиони евра, целиот трансфер во тој случај би достигнал вредност од 145 милиони евра.
Ова во превод значи дека дури и Барселона да го продаде Дембеле за 80 милиони, што е максимумот, Каталонците би биле во минус од 65 милиони евра! Ниту тоа не е мала сума, а може да биде само поголема бидејќи прашање е колку можат да ги добијат и тие 80 милиони евра.
If Barça sells Dembele, they would have to pay the €40m bonuses to Dortmund up front.[SPORT]
— BarçaTribe (@BarcaTribe) November 21, 2018