Дома Топ вести Барса и ПСЖ спремаат спектакуларна трампа

Барса и ПСЖ спремаат спектакуларна трампа

Раководството на Барселона обва лето ќе го стави на продажба Антоан Гризман, тврди каталонски „Спорт“ кој е добро информиран во случувањата во клубот.

Весникот тврди дека Каталонците не се задоволни од адаптацијата и придонесот на Гризман, па сакаат да си вратат поголем дел од парите вложени во него.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Французинот минатото лето пристигна како големо засилување на „Камп Ноу“, а Барса за неговиот потпис на Атлетико му плати 120 милиони евра.

„Спорт“ тврди дека во Барселона ќе бидат задоволни ако добијат понуди од 100 милиони евра. Интерес за Гризман покажуваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Челзи и Арсенал.

Главна трансфер цел на Барселона и ова лето ќе биде Нејмар, а весникот тврди дека Каталонците се спремни да направат трампа до ПСЖ и да го испратат Гризман во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…