Дома Фудбал Останато Барса и Нејмар имаат бизарен однос: Немаше трансфер – одиме на суд!

Барса и Нејмар имаат бизарен однос: Немаше трансфер – одиме на суд!

Преодниот рок заврши, а Нејмар остана во ПСЖ.

Иако беше јасно дека сакаше да се врати во Барселона, тоа на крајот не се случи или барем се одложи за јануари или наредното лето, пишува „Марка“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Нејмар во Барселона ќе се врати многу порано поточно на 27-ми септември кога ќе се суди со поранешниот, а можеби и иден клуб.

Бизарен однос на играчот и клубот кој сакаа повторно да се спојат откако Бразилецот премина во ПСЖ летото 2017 годна. Тој само неколку месеци претходно го продолжи договорот со Барселона и за тоа доби бонус од 40 милиони евра кој клубот му го исплаќаше на рати.

Меѓутоа исплатени му беа 14 милиони евра, после неговиот трансфер во ПСЖ Барса престана да му го исплаќа тој бонус.

Нејмар тужеше затоа што си ги бараше преостанатите 26 милиони евра, а од „Камп Ноу“ реагираа со контратужба барајќи 75 милиони евра затоа што Нејмар не го испочитувал договорот.

Една од точките во преговорите кои се водеа во текот на летото беа и меѓусебните тужби. Доколку Нејмар се вратеше во Барселона тужбите од двете страни ќе беа повлечени. Вака процесот продолжува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Овој податок е доказ колку силен менталитет изгради Алонсо во Леверкузен

Лигата на шампионите ќе ја освои Реал или Борусија, во Англија гледаме голема битка помеѓу…