Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, е најновата желба на раководството на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Лаутаро Мартинез веќе подолг период е најголема желба на Барселона но двата клуба се уште не постигнале договор околу обештетувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед е спремен да ја искористи таквата ситуација и веќе спремил понуда за Интер. „Црвените ѓаволи“ се спремни да понудат пари плус потписот на Антони Марсијал.
Аргентинецот започна преговори со Интер за продолжување на договорот, но неговите финансиски барања се превисоки за „нероаѕурите“.
Поради тоа миланскиот клуб може да ја прифати понудата на Јунајтед, а за возврат ќе добие и замена бидејќи Конте е голем симпатизен на играта на Марсијал.